T: 070 514 342 | 076 454 667 | 076 454 669

banner_front

ЗА НАС

Печати PDF

 

Компанијата „Woman Manager“ беше основана во ноември 2007 година, како мала и семејна компанија.

 

На самиот почеток стартувавме со своја јасна визија и мисија. Имавме визија која ни беше патоказ и сигурно нè водеше до успехот. Чекоревме во насока на нашите цели да бидеме една од водечките модни куќи во Македонија и препознатлив бренд на нашиот и пазарот во регионот.


Во текот на годините, искачувавме скалило по скалило, движевме чекор по чекор... Имавме визија која ја ѕидавме со секојдневна мисија - насочена кон грижата за изгледот на современата, самоуверена и пребирлива деловна девојка и жена.

 

Денес, „Woman Manager” располага со сопствен производствен капацитет лоциран во Штип, малопродажен објект во ТЦ Бисер во Скопје и свој пласман во повеќе модни продажни точки во рамките на Македонија.


Производството е фокусирано кон изработка на висококвалитетни македонски текстилни производи со современ дизајн, модерен крој, висококвалитетен текстил и трендовски бои. За изработка на моделите се користат беспрекорно врвни материјали од највисока категорија: памук, лен, вискоза, волна,... Произведовме производи, кои по сè конкурираат со најсовремените светски парчиња...


Постоиме за нив и ќе се развиваме согласно желбите на нашите софистицирани девојќи и жени.

Моја модна куќа „Woman Manager“

partner_banner

КОНТАКТ ИНФО

ТЦ БИСЕР приземје

Булевар Јане Сандански

Е: contact@womanmanager.mk

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Следете го WomanManager на:

 

facebook-logo-squaretwitter-bird3-squareskype-sgmail-logo-square2